top of page

КАМПАЊА ПРОТИВ ГОВОР НА ОМРАЗА И САЈБЕР БУЛИНГ. АЛЕКСАНДРА, МИА И МАЈА ВО УЛОГА НА “ПАРТИЗАНКИ”

Ова не е обична приказна, ова не се обични фотографии, ова е нешто што долго тлее кај мене, кај нас. Кога ги поканив Миа и Александра да бидат дел од кампањата за најновата моја колекција, кога им ја раскажав приказната, без размислување кажаа ДА. А приказната е ова, борба против говор на омраза, борба против сајбер булинг. И не случајно сме трите овде, не случајно токму ние сакаме да ја пренесеме пораката. Пораката може да ја пренесе тој што ја доживеал, а сите три сме биле жртви на сајбер булинг.

-До кога ќе бидеме неми и глуви на темава?! -До кога сѐ ќе криеме длабоко во нас, не оставајќи простор јавно да говориме?! -До кога оваа тема ќе биде табу тема?! -До кога ќе нѐ интересира што ќе каже другиот?! -До кога ова нема да биде казниво со закон?! Можам вака до бесконечност со прашањата “ДО КОГА?!”

Името на колекцијата е “Партизанка”, која не случајно е насловена така, бидејќи инспирација е партизанката како жена која се борела за поинакви права. Жена која не била потчинета, жена која облекува панталони и оди во борба. Јака жена, хероина, која знае да крене глас и со пушка во раце да оди во борба. Со оваа кампања, сакаме да пренесеме една многу битна порака! Годинава е 15 години постоење од моето творештво, па јубилејот го одбележувам со прогрес и промени за кои се бориме сите три.


17 views0 comments

Commentaires


bottom of page