Нашата приказна
Eleazar
by Maja Kikiritkova
е македонски бренд основан во 2008 година од етаблираната дизајнерка Маја Кикириткова. Нејзините дизајни ја отсликуваат силата, убавината и женственоста на жената, следејќи ги новите модни трендови.
Дизајните на Маја се изработени од висококвалитетни природни материјали, каде што преовладува женственост и минимализам со детали. Тоа се дизајни, кои можат да се носат секојдневно, на работа. на специјални настани и во нив жената секогаш ќе се чувствува модерно и удобна, а во исто време ќе изгледа урбано.
Маја произведува и облека за деца, именувана како Совршен Пар. Секоја облека е изработена од памук. Во Совршен Пар се произведуваат меки кукли кои се облечени во исто дизајнерско парче облека како и детето за кое се купува облеката. Куклите се изработени од органски памук, рачно везени со памучен конец.